18 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕШто е поважно ШТО јадете или КОГА јадете?

Што е поважно ШТО јадете или КОГА јадете?

Секој ден читаме за нови истражувања кои не предупредуваат дека токму одредена намирница не треба да ја консумираме или токму онаа другата просто мораме да ја консумираме.

Од друга страна пак, различни режими на исхрана посветуваат посебно внимание на времето во коешто би требало да јадеме, па можеби е време малку да размислиме и на таа тема. Така ни се наметнува едно прашање….Што е поважно – кога јадеме или што јадеме?

Да се даде одговор на ова прашање не е сосема едноставно. Секој оброк има своја улога и функција, па и време во коешто го јадеме, исто како и намирниците коишто ги внесуваме, а сето тоа значајно влијае на функционирањето на системот за дигестија и целокупното здравје. Сепак, некои правила постојат. Кога треба да јадете и што?

Појадок

Веројатно многу пати сте слушнале дека појадокот е најважниот оброк во денот. Дефинитивно не ве излажале. Тој навистина е. После осум часа сон нивото на глукоза во крвта е ниско, а за да биде на нормално ниво за телото да има доволно енергија за обавување на секојдневните обврски, појадокот е апсолутно неопходен.

Токму овој оброк го придвижува целокупниот организам, од органите на системот за дигестија до централниот нервен систем. И уште една важна причина за појадокот да биде ваша прва мисла кога ќе се разбудите е тоа што овој оброк значајно влијае на варењето во текот на самиот ден, а на потолги патеки, и на метаболизмот.

100811_hrana-profimedia0056199397_630x0

Друго важно нешто во врска со појадокот е тоа што со негово одложување до подоцните часови се одложуваат и останатите оброци, па со тоа и вечерата.

Совршено време за прв оброк во текот на денот е до два часа после будењето. Појадокот би требало да е најобемен во однос на останатите оброци, а најдобро би било да го сочинуваат сложени јаглени хидрати.

Ручек

Ручекот би требало да биде надополнување на појадокот со тоа што за разлика од појадокот, ручекот би требало да содржи нешто повеќе протеини отколку сложени јаглени хидрати. Во зависност од тоа кога станувате, совршено време за ручек е помеѓу 13 и 14 часот.

Вечера

97148_hrana-profimedia0138540410_630x0

Уште еден совет којшто многу пати ви го кажале, а кој дефинитивно би требало да го послушате е да вечерате најдоцна два часа пред да си легнете. Оброкот не би требало да е премногу тежок за варење, бидејќи на тој начин ќе го одложите сонот. Вареното пилешко месо, туната или јајцата се добар избор, а најдобро би било да ги комбинирате со супа, зеленчук или салата (зелка, зелена салата).

Ужинка

Ужинката би требало да содржи малку калории и едноставни јаглени хидрати. Нејзината улога е да се одржи оптимално ниво на шеќери во крвта и да се задржи чувството на ситост.

Препорачано време за ужинка е помеѓу појадокот и ручекот, и помеѓу ручекот и вечерата, со тоа што треба да водите сметка за помеѓу оброците да минат најмалку два часа. Добар избор би можеле да бидат темното чоколадо, овошјето, слатите, супата, чајот, какаото или кафето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП