26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОРаспоред на натпреварите во главата фаза и Президент купот на СП

Распоред на натпреварите во главата фаза и Президент купот на СП

Данска и Хрватска со четири бода влегоа во втората рунда на 26. Светкско првенство во ракомет. Пред почетокот на втората фаза овие две селекции имаат најголеми шанси да изборат полуфинале. Двете полуфинални средби според распоредот ќе се играат на 25 јануари во Хамбург.

Табели и распоред на втората фаза:

Група 1 (Келн)

1. Хрватска 4 бода
2. Германија 3
3. Франција 3
4. Шпанија 2
5. Исланд 0
6. Бразил 0

19 јануари:

18:00 ч Франција-Шпанија
20:30 ч Германија-Исланд

20 јануари:

18:00 ч Бразил-Хрватска
20:30 ч Исланд-Франција

21 јануари:

18:00 ч Шпанија-Бразил
20:30 ч Хрватска-Германија

23 јануари:

15:30 ч Бразил-Исланд
18:00 ч Германија-Шпанија
20:30 ч Франција-Хрватска

Група 2 (Хермнинг):

1. Данска 4 бода
2. Шведска 2
3. Норвешка 2
4. Унгарија 1
5. Египет 1
6. Тунис 0

19 јануари:

18:00 ч Тунис-Шведска
20:30 ч Данска-Унгарија

20 јануари:

18:00 ч Норвешка-Египет
20:30 ч Унгарија-Тунис

21 јануари:

18:00 ч Шведска-Норвешка
20:30 ч Египет-Данска

23 јануари:

15:30 ч Тунис-Египет
18:00 ч Норвешка-Унгарија
20:30 ч Данска-Шведска

Покрај натпреварите од Втората рунда во битката за полуфинале ќе има средби и за селекциите кои не успеаја да се пласираат во вториот круг. Тие ќе разигруваат за што е можно подобар пласман.

Македонија со освојувањето на 4. место се најде во трка за пласман од 13. до 16. место и ќе игра во Келн. Средбите се играат во два дена. Утре од 13 часот ќе ги одмери силите со Русија, а потоа во зависност од резултатот ќе игра в недела.

Доколку Македонија победи ќе игра од 15:30 часот против победникот од дуелот меѓу Чиле и Катар. Ако не успее против Русите и загуби тогаш в недела мечот е исто како и утре од 13 часот, а ќе игра против поразениот од Чиле-Катар.

Другите средби за пласман се играат во Данска во Копенхаген. За 12 селекции викендов завршува Мундијалот.

Президент Куп:

За пласман од 13-то до 16-то место

19.01.2019

13:00 ч Русија – Македонија

15:30 ч Чиле – Катар

За пласман од 17-то до 20-то место

18:00 ч Србија – Бахреин

20:30 ч Австрија – Аргентина

За пласман од 21-во до 24-то место

13:00 ч Кореја – Јапонија

15:30 ч Саудиска Арабија – Ангола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП