2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПриштина попушти и ги повлече даноците на дел од производите од Србија...

Приштина попушти и ги повлече даноците на дел од производите од Србија и БиХ

Привремените приштински институции одлучија да ослободат од стопроцентно зголемените даноци на дел од производите од Србија и БиХ, пренесуваат српските медиуми.

Ова олеснување се однесува на стоката која на косовска територија влегла пред наметнувањето на тие мерки, односно на 21 ноември минатата година, соопшти Владата во Приштина.

Според информациите од косовската царина, од 21 ноември стоката од Србија и БиХ, по тој датум, не можела да влезе во царинското складиште без зголемени даноци освен за одредени странски фирми, кои имаат производи во тие земји.

Од 28 декември минатата година, даноците со ист процент беа зголемени и за странски стоки што доаѓаат од Србија и БиХ.

Косовскиот премиер Рамуш Харадинај претходно изјави дека доколку не се постигне договор со Белград до 2022 година, со кој Србија ќе ја признае косовската независност, даноците ќе останат на сила.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП