Заканата за финансиски колапс во глобалната економија е ублажена, изјави денес претседателката на ММФ Кристин Лагард.
Но, таа предупреди дека развиените економски земји сеуште треба да спроведуваат реформи и да намалуваат долгови.
„Го запревме колапсот. Треба да избегнеме тоа да се повтори и не треба да се опуштаме“, рече Лагард на прес-конференцијата во Вашингтон.
Според нејзините зборови, развиените економски земји како САД и европските земји, направиле значајни чекори кон реформите на финансискиот систем, но има уште работа околу тоа.
Кристин Лагард предупреди дека постојат знаци за опаѓање на интересот за регулирање на финансискиот систем, и покрај сериозните проблеми кои ја донесоа до колапс светската економија, од економските проблеми во САД во 2008 година.