19 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗошто треба да ги вклучите маслинките во вашата исхрана

Зошто треба да ги вклучите маслинките во вашата исхрана

Сакате ли да бидете сигурни дека во организмот го внесувате само најдоброто, тогаш дознајте зошто уште денес треба да изедете неколку маслинки…

Ги штитат крвните садови и го зајакнуваат имунитетот

Маслинките особено црните се исклучителен антиоксидант кој делува како чистач на организмот од штетните материи. Маслинките му помагаат на телото да го исфрли холестеролот, па така тие ја намалуваат можноста за кардио-васкуларни болести. Исто така, маслиновото масло го зајакнува имунитетот и е совршен сојузник против алергиите.

Помагаат при слабеење

Маслинките содржат масти, но исклучиво оние добрите масти за кои нашето тело има потреба. Таквите масти не се „заглавуваат“ во масни станици туку телото ги користи и троши па така тие помагаат при слабеењето. Маслинките се исклучителен додаток со оброкот или меѓу оброците бидејќи ќе ве заштитат на најздравиот можен начин.

Против болки и воспаленија

Маслинките, како и непреработеното маслиново масло содржат силни антиоксиданти, но оваа вкусна и солена намирница го намалува и ризикот од болка и делува како лек за ублажувањето на болките. Исто така, маслинките содржат состојќи како олеокантал – соединение карактеристично по горкиот вкус, кој има силни антивоспалителни својства.

За здрава коса и кожа

Маслинките, како и производот од нив – маслиното масло имаат неверојатно влијание на нашето тело. Тие содржат голема количина на незаситени масни киселини, како и омега 3 масни киселни кои ја хранат, штитат и хидрираат кожата и косата. За тоа е заслужен и витаминот Е, кој ја штити кожата од ултравиолетовите зраци. Маслиното масло ја негува кожата и косата и делува така што ја снабдува со влажност. На мократа коса по туширањето нанесете малку маслиново масло или пак користете го како маска за коса.

За здравје на дигестивниот систем

Маслинките се богати со прехрамбени влакна кои се неопходни за нормална работа на дигестивниот систем, но и витаминот Е, како и незаситените масти кои ги чистат цревата од слободните радикали. Една шољичка црни маслинки содржи 17 проценти од дневната доза на влакна која и помага на храната брзо и максимално да се разгради.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП