25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAudi потврди – 50 среќници ќе можат да го купат PB18 E-Tron...

Audi потврди – 50 среќници ќе можат да го купат PB18 E-Tron (фото+видео)

Директорот на „Audi“, Брем Шот потврди дека германската компанија дала „зелено светло“ за сериско производсто на суперавтомобилот „Audi PB18 E-Tron“.

Oвој целосно електричен автомобили ќе се појави во следните две години, но производството ќе биде ограничено на само 50 примероци.

Засега нема официјални детали за спецификаците, но е познато дека концептот „PB-18“ имаше три електромотори со вкупно 680 KS и 830 Nm врежен момент, а тука е и верзијата со 775 KS.

Концептот најверојатно забрзува од место до 100 km/h за околу 2 секунди, потенцијалните купувачи сигурно се надеваат дека продукциската верзија ќе има слични перформанси.

Што се однесува до автономијата, „Audi“ ветува солидна издржливост на батериите со капацитет од 95 kWh, а кои би требало да овозможат домет на „PB-18“ oд 500 km помеѓу две полнења 800-волтниот систем кој овозможува максимално полнење за само 15 минути.

Карактеристичните линии на автомобил се слични како „McLaren F1“ и има волан кој е позициониран во средината, но за разлика од „McLaren“ сопствениците на „Audi PB-18 E-Tron“ ќе можат по своја желба да го поместат лево или десно.

Меѓутоа, нема гаранција дека оваа опција ќе биде достапна и во продукциската верзија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП