
Снегот и студот ќе продолжат. Метеоролозите најавуваат уште пониски температури во наредните денови. Сепак, и во вакви екстремни услови може домот да биде потопол, а сметките да бидат помали.


Снегот и студот ќе продолжат. Метеоролозите најавуваат уште пониски температури во наредните денови. Сепак, и во вакви екстремни услови може домот да биде потопол, а сметките да бидат помали.
Основните совети кои ги даваат експертите за енергетска ефикасност се
„Ставање на топлинска изолација и прозорци е мерка која бара најголемо вложување, но е и најисплатлива. Не се исплатува за една или две години, потребни се седум или осум, во зависност од тоа каков бил објектот“ вели професорот Ристо Цицонков кој е експерт за енергетика и за системи за греење и ладење.
Ова се посериозни инвестиции, но експертите велат дека сметките може да се намалат со помали вложувања и промени во начинот на однесување:
Дел од овие совети можеби звучат смешно, но експертите за енергетска ефикасност велат дека дефинитивно придонесуваат за потопол дом, но и за помали сметки.
Но, која опција е најисплатлива за греење? Струја, дрва, нафта или парно?
Парното греење е поевтино од лани. Веќе неколку години по ред поевтинува иако минимално. Оваа сезона најголемиот снабдувач, „Балкан енерџи груп“ (БЕГ) има пониски цени за 3.10%, „ЕЛЕМ енергетика“ за 1.13%, а „Скопје Север“ за 0.76%. Просечната месечна сметка за стан од 60 квадрати сега е 1.700 денари или 20.400 денари годишно.
Цената на струјата на 1 јули се намали за 0.10%. Ако ова се преслика на една просечна сметка од 2.000 денари се доаѓа до заштеда од 2 денари. Инаку грубата математика покажува дека загревањето просечен дом на струја за една сезона би чинело најмалку 25.000 денари.
Нема промени на цените во ЈП „Македонски шуми“. Веќе неколку години огревното дрво се продава по исти услови – 2.370 денари за кубик бука и 2.470 за кубик даб. Има и друга поевтина, категорија која се нуди за 1.860 денари. За една сезона просечно домаќинство троши од 5 до 8 кубици дрва во зависност од временските услови. Оттука вкупниот трошок би бил од 13.000 до 18.000 денари. Од 850.000 до 900.000 граѓани во зимскиот период се греат со дрва. Дури 80 % од овој енергенс се користи во помалите места низ државава.
К. Н.