5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank ги намалува бонусите за 10%

Deutsche Bank ги намалува бонусите за 10%

Одборот на директори на „Deutsche Bank“ планира да ги намали бонусите со околу 10%, додека германската банка се обидува да се справи со притисокот од трошоците и срамот од заминувањето на таленти, тврдат извори на „Ројтерс“, запознаени со прашањето.

Бонусите за минатата година ќе бидат исплатени повеќе селективно, во обид да се задржат најдобрите вработени, коментираат изворите кои посакале да останат анонимни.

Конечната сума се уште може да биде променета во зависност од резултатите од четвртиот квартал, посочуваат уште тие.

Банката раздаде 2,2 милијарди евра бонуси за 2017-та година.

Портпаролот на „Deutsche Bank“ одби да коментира во врска со оваа инфромација.

Главниот извршен директор на „Deutsche Bank“, Кристијан Зевинг се обидува да ги контролира трошоците, но и да ги задржи клучните вработени кои генерираат приходи на потонатата во проблеми организација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП