19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMastercard го брише името од своето лого

Mastercard го брише името од своето лого

Компанијата „Mastercard“ објави дека по повеќе од половина век ќе го отстрани своето име од логото, со што како заштитен знак ќе останат само црвениот и жолт круг.

Со ова, „Mastercard“ се приклучува на повеќе брендови, како што се „Nike“ и „Apple“, чии маркетинг-кампањи повеќе се базираат на визуелното лого, а не на пишаниот назив, објави агенцијата „АP“.

„Mastercard“, како што се додава, во последниве години се обидува да се позиционира како технолошка компанија во индустријата на глобални плаќања.

Се верува дека 80 отсто од луѓето го препознаваат логото на „Mastercard“, дури и кога тоа не го содржи името на компанијата, а еден од директорите на меркетиншката компанија „Metaforce“, Ален Адамсон, нагласува дека сликата говори повеќе од зборови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП