21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНов договор во американската фармација

Нов договор во американската фармација

Американската фармацевтска компанија „Eli Lilly & Co.“ ќе ја купи „Loxo Oncology“ за 8 милијарди долари во готовина. Со овој потег, „Eli Lilly“ покажува дека има намера да се фокусира на лекови за рак предизвикани од ретки генетски мутации, објави „Bloomberg“.

Акционерите на „Loxo“ ќе добијат 235 долари во готово за секоја акција, се вели во соопштението на компанијата. Ова е доста дарежлива понуда и претставува премија од 68% над завршната цена на сесијата во петокот од 139,87 долари.

Компанијата со седиште во Конектикат развива лекови за рак. Нејзиното портфолио е центрирано околу првиот лек на компанијата, „Vitrakvi“, кој покажува знаци на ефикасност кај широк спектар на канцери, предизвикани од една, ретка генетска мутација. Лекот се продава во партнерство со „Bayer“. Лековите на „Loxo“ исто така се насочени кон генетските маркери на туморот, без разлика каде се наоѓаат во телото.

Аналитичарите очекуваат „Loxo“ да генерира приходи од 1,14 милијарди долари во 2023-та година, според проценките направени од „Bloomberg“. Тие очекуваат приходи од околу 200 милиони долари во оваа година.

Договорот е најголем за „Eli Lilly“ со седиште во Индианаполис и всушност е најновиот од почетокот на годината во фармацевтскиот и здравствениот сектор во САД.

„Eli Lilly“ е позната по нејзиниот хумален инсулин и во последниве години го истакнува растот со онколошките медикаменти, а еден од нејзините најпродавани производи е лекот „Alimta“.

Договорот се очекува да се реализира до крајот на првиот квартал. „Deutsche Bank AG“ беше финансиски советник на „Eli Lilly“, додека „Weil“, „Gotshal & Manges LLP“ беа правен советник. „Loxo“ е консултирана од страна на „Goldman Sachs Group Inc.“ и правната фирма „Fenwick & West LLP“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП