24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвропскиот парламент бара здружување на државните долгови

Европскиот парламент бара здружување на државните долгови

D

Членовите на Европскиот парламент ја одобрија необврзувачката  резолуција, во која од Европската унија бараат да ја испита можноста за воведување на евро-обврзница или некоj друг инструмент коj би овозможил, заедничка одговорност на еврозоната за долговите на земјите-членки.

Целта на необврзувачката резолуција е да се изврши притисок врз Комисијата и земјите-членки, за да се воведе заедничка обврзница, на што се спротиставуваат повеќето од членките, стравувајќи дека тоа би можело да значи трансфер на пари во една насока, од богатите земји во сиромашните.

Во резолуцијата, за која гласаa 361 пратеници, а 268  беа против, 33 воздржани, се наведува дека еврозоната е единствена по тоа што има заедничка валута, но не и заеднички пазар на државни обврзници и заедничка фискална политика.

Претставниците во текстот се залагаат за воспоставување на Европски фонд за откуп на долгови. Идејата е фондот да ги откупи долговите на државите-членки кои надминуваат 60 проценти од нивниот БДП. Тој превземен долг ќе се отплатува во подолг временски период од 20 до 25 години. Тоа би значело намалување на должничкиот терет, со што на задолжените земји ќе им се олесни спроведувањето на структурните реформи.

Ниту оваа идеја нема доволно поддршка од земјите членки во овој момент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП