26 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕKudadoo Maldives Private Island - Прекрасен рај на Малдиви (фото+видео)

Kudadoo Maldives Private Island – Прекрасен рај на Малдиви (фото+видео)

Малото одморалиште на Малдиви, кое беше отворено на 26-ти декември 2018-та година, веќе го доби своето прво признание.

„Kudadoo Maldives Private Island“ беше прогласен за најдобар нов луксузен хотел, кој треба да се посети во 2019-та година. Признанието доаѓа од „Luxury Travel Intelligence“.

„Kudadoo Maldives“ им нуди на гостите 15 резиденции со една или две спални, а сите тие се наоѓаат над водата.

Одморалиштето е целосно еколошко, па освен што ја произведува сета неопходна електрична енергија од соларни панели, го има забрането користењето на сламки и пластичен прибор и чаши.

Бунгаловите во одморалиштето се целосно направени од дрво.

Во „Kudadoo“ денес работат 100 лица, персонал кој спокојно може да ги услужи максималните 50 гости, кои во секое време можат да одмораат таму.

Ајде да го погледнеме овој луксуз презентиран од „Business Insider“:

Гостите летаат до „Malé International Airport“, до каде што може да се пристигне со летот на „Qatar Airways“, на пример.

Потоа ве очекува и 40-минутно патување со приватен хидро-авион за да се најдете во луксузната атмосфера на одморалиштето.

Тоа нуди 15 бунгалови, од кои секоја е над водата и е изградена во круг.

Гостите на „Kudadoo“ мора да бидат постари од 15 години. Децата под оваа возраст се дозволени, но само ако одморалиштето е целосно изнајмено.

Одморалиштето има 984 соларни панели за да ја обезбеди целосната потрошувачка на енергија.

„Kudadoo“ има бар, а ресторанот се потпира речиси целосно на морска храна.

Одморалиштето нуди масажи, фитнес инструктори, јога и медитација.

Цени? Тие почнуваат од 3.400 долари за бунгалов со една спална соба до 4.800 долари за две спални соби, т.е. за четири лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП