26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСиндикатите бараат да се укине агенцијата за регулирање на железничкиот сектор

Синдикатите бараат да се укине агенцијата за регулирање на железничкиот сектор

20130117-224120.jpg

Синдикатите кои делуваат во Македонски железници барат Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор да биде укината до влегувањето на Република Македонија во Европската унија.

За таа цел предлагаат Министерството за транспорт и врски да покрене иницијатива за измени на Законот за железнички систем, со кои ќе се предвиди укинување на Агенцијата.

– Агенцијата со своето неодамнешно делување во насока на присилна наплата на измислени заостанати такси и камати за задоцнето плаќање предизвикала неред во функционирањето на работниот процес и директно влијае на безбедноста на железничкиот сообраќај. Сметаме дека ваквиот инцидент не е изолоран, ниту е последица на немарност на службите, туку е резултат на неоправданоста на постоењто на агенцијата во услови на затворен железнички пазар поради што финансирањето на истата претставува неподнослив товар врз финансиското работење на двете претпријатија, наведуваат синдикатите во барањето до ресорното Министерство.

Според синдикатите, работата на Агенцијата за регулирање на железничкиот сектор има економска или друга оправданост само во услови на либерализиран железнички пазар, што е возможен само доколу Македонија биде рамноправен член на ЕУ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП