28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКако Гвинет Палтроу изгради империја вредна 250 милиони долари

Како Гвинет Палтроу изгради империја вредна 250 милиони долари

Неодамна холивудската актерка Гвинет Палтроу учествуваше во нова фотосесија за „WSJ. Magazine“.

46-годишната филмска ѕвезда и успешна деловна жена во интервју за изданието сподели што ја поттикнало да ја создаде велнес компанијата „Goop“ која се проценува на 250 милиони долари во 2018-та година.

Палтроу го поставува својот бренд како „пионер“ во сферата на здрав начин на живот. Актерката дури додава дека била една од првите кои е ја практикувала јогата – поради тоа ја нарекувале вештерка:

„Кога почнав да практикувам јога, луѓето ме нарекуваа вештерка и будала. А кога велев дека храната влијае директно на нашето здравје, луѓето ме нарекуваа луда“, се потсетува холивудската ѕвезда.

Палтроу признава дека почнала да пројавува интерес кон здравиот начин на живот во 1998-ма година, откако нејзиниот татко, режисерот Брус Палтроу, му беше дијагностициран рак на грлото. Тој почина во октомври 2002-ра година.

„Ова е главната причина што ме доведе до овој бизнис и до здравиот начин на живот. Се сеќавам колку беше тешко мојот татко да ја доживее операцијата. Потоа почнав да размислувам како тоа би можело да влијае на моето здравје“, вели актерката.

По некое време таа почнала да ја истражува макробиотиката и да го проучува влијанието на токсините од околината врз човечкиот организам. Таа додава дека на крајот на 90-тите години луѓето немале идеја што е тоа здрава исхрана.

Тоа ја натерало да почне да ја информира јавноста за клучните правила на здрав начин на живот.

„Ние сме пионери. Пишуваме и кажуваме за работи за кои луѓето никогаш не слушнале. Среќна сум што поминав по овој пат, бидејќи оттогаш и не без нашето учество луѓето почнаа да бидат заинтересирани за здравјето и се роди културата за здраво живеење, која ја обединува народната медицина со науката“, вели уште Палтроу.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП