7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИRyanair побара да бидат отпуштени нејзините службеници во Холандија

Ryanair побара да бидат отпуштени нејзините службеници во Холандија

Ирската авиокомпанија „Ryanair“ побарала целиот нејзин персонал на аеродромот во Ајндховен, Холандија, кој покажал лош економски резултат, да биде отпуштен. Ова беше најавено од страна на сојузот на холандските пилоти.

„Ryanair“ во почетокот на ноември ја затвори базата во Ајндховен за зимскиот период, нудејќи им на пилотите и кабинскиот персонал да бидат преместени на работа во странство, за да бидат ограничени отпуштањата на работни места.

Одлуката на компанијата предизвика протести меѓу синдикатите.

Ирската авиокомпанија поднела молба за колективно разрешување во институцијата задолжена да дава дозволи за разрешување во Холандија, посочи синдикатот на холандските пилоти во соопштението објавено синоќа.

Добивањето на дозвола од холандскиот регулатор во случај на колективно разрешување е задолжително според холандското законодавство, прецизира портпаролот на синдикатот на пилотите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП