30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНамален профитот на H&M

Намален профитот на H&M

h&m1

Нето профитот на шведскиот моден гигант „H&M“ потона во вториот квартал за 11 проценти, поради јакнењето на шведската валута круни и големото намалување на цените.

Во соопштението на компанијата се наведува дека профитот во периодот од март до мај е намален на 4,66 милијарди круни (720 милиони долари) од минатогодишните 5,22 милијарди круни, додека продажбата незначително е намалена на 31,64 милијарди круни од 31,66 милијарди круни, пренесува агенцијата АП.

Извршниот директор на „H&M“ Карл Јохан Персон, изјави дека силниот курс на круната ги загрози резултатите на компанијата, додека продажбата во локалните валути е зголемена за пет проценти.

Според него, продажбата и понатака е силна во Азија, но вкупниот приход е намален поради „и понатака неизвесната ситуација за модната малопродажна индустрија“ и лошите временски услови на многу големи пазари.

„H&M“ според Персон, отвори околу 100 нови продавници во вториот квартал, меѓу кои и првата продавница во Јужна Америка. Оваа компанија основана во 1947 година, има повеќе од 2.900 продавници во 48 земји во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП