7 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВелосипед без седиште и педали

Велосипед без седиште и педали

bike

Дизајнерите Том Хамброк и Јури Шпетер создадоа велосипед без седиште и педали. Седиштето е заменето со појаси, а пак за возење се користат нозете.

Изумителите тврдат дека нивниот пронајдок е многу практичен. Со него се намалува притисокот врз телото и тежината добро се респределува. Велосипедот се придвижува со трчање, а потоа тој се движи по инерција.

Иако велосипедот потсетува на праисториските возила од филмовите за „Fred Flintstone“, неговите творци се убедени дека во него е иднината. Тој е многу корисен за здравјето и е многу еколошки.

Моделот е меѓу кандидатите за наградата „Џејмс Дајсон“ за студентски пронајдоци.

Првиот модел на велосипед, претставен во 1817-та година од германскиот изумител Карл Драјс исто така се возел со трчање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП