4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈААнти-друштвена апликација

Анти-друштвена апликација

screen shot

Социјалните мрежи се тука и се чини дека немаат намера да си „одат“, но постои начин да ги користите и да бидете помалку друштвени, ако тоа е она што го сакате.

Можеби веќе користите „FourSquare“, друштвена мрежа во која корисниците ја пријавуваат својата локација каде во моментот се наоѓаат за да можат останатите да го видат тоа. Но што ако во одредени денови не се чуствувате толку „друштвено“? Веб-апликацијата „Hell is Other People“ според зборовите на програмерот Скот Гарнер е „експеримент“ во анти-друштвените медиуми.

Користејќи ги податоците од вашиот „FourSquare“ профил оваа веб-апликација ќе ги следи последните пријави (check-in)  на вашите „пријатели“ и пресметува локација на која со сигурност ќе ги избегнете. Овие „оптимално оддалечени безбедносни зони“ би требало да ги спречат сите несакани средби со вашите пријатели.

hell is other people_1

Гарнер вели дека овој проект е „делумно сатира“ кој произлегол од неговиот презир кон друштвените мрежи.

Нормално целиот систем зависи од тоа колку често, односно колку редовно вашите пријатели се пријавуваат на одредени локации по пат на „FourSquare“ или пак својот живот го препуштиле на „Facebook“ и „Twitter“. Ако второто е во прашање ќе морате да смислите друг начин за избегнување на интеракцијата во вистинскиот живот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП