Изграден кон крајот на 1920-тите, „Peninsula“ е најстариот хотел во Хонг Конг, место кое е олицетворение на престижот и луксузот на Далечниот Исток…
Овој хотел во својата понуда има само највисоко ниво на луксуз и уникатна мешавина на источно и западно гостопримство.
Гостите во овој хотел ќе уживаат во безвременски гламур и модерната елеганција која е распослана во целиот хотел, а особено во луксузно опремените и раскошно дизајнираните соби и апартмани.
Ресторанот во овој хотел, односно „The Lobby“ е место каде можете да учествувате во класичниот ритуал со попладневен чај, а тука се и модерните простории „The Verandah“ и „Felix“.
Доколу сакате да уживате во неколкучасовно разубавување, релаксација и подмаладување, посетете го „Peninsula Spa“ центарот или уживајте во затворениот базен кој се наоѓа на осмиот кат.
Инаку, луксузниот „Peninsula Hong Kong“ хотел е познат по својата соработка со „Rolls Royce“ брендот, така што четиринаесет беспрекорни „Rolls Royce Phantom“ модели ве чекаат да ве пренесат секаде каде што ќе посакате, а тука е и фантастичниот „1934Rolls Royce Phantom II“, кој е реставриран до совршенство и е достапен за користење во специјални прилики.