19 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДали Германија е подготвена за спојување на Deutsche Bank и Commerzbank?

Дали Германија е подготвена за спојување на Deutsche Bank и Commerzbank?

Германското Министерство за финансии е подготвено да го организира спојувањето меѓу „Deutsche Bank“ и „Commerzbank“, соопштува „Bloomberg“.

Биле разгледани различни сценарија, вклучувајќи и такво во кој Германија ќе стане најголем акционер во „Deutsche Bank“ за околу 5 години, пред двете банки да се спојат, објави „Focus“, без да споменува од каде има информации. Алтернативно, „Deutsche Bank“ може да привлече пари од германските индустриски компании за да ја купи „Commerzbank“. Третата опција што се дискутира во Министерството за финансии е создавањето на холдинг-компанија, која ќе има акции во двете банки, се вели во извештајот.

Претставници на Министерството за финансии, за „Deutsche Bank“ и „Commerzbank“ одбија да ги коментираат овие информации.

Германскиот министер за финансии Олаф Шолц повеќепати кажа дека земјата има потреба од силни банки за извозно ориентираната економија. Спојување меѓу „Deutsche Bank“ и „Commerzbank“, за да се постигне оваа цел, добило поддршката од Берлин, велат запознаени извори. Германската влада поседува околу 15% од „Commerzbank“, што го прави најголем акционер во банката.

Купувањето на удели и во „Deutsche“, и во „Commerzbank“ од приватната инвестициска компанија „Cerberus Capital“ во минатата година предизвика шпекулации за спојување меѓу двете банки, што претходно беше разговарано во 2016-та година, велат запознаените извори. Последниот пад на цената на акциите на „Deutsche Bank“ и долготрајниот нејзин неуспех да го заживее растот предизвика тврдења дека може да се реализира спојувањето, за да ги реши своите проблеми.

Германската инвестиција во „Commerzbank“ беше направена за време на финансиската криза, кога на банката и беше потребна финансиска помош од државата. Десетгодишнината од почетокот на оваа криза неодамна предизвика дебати во Германија за трошоците за даночните обврзници и користењето на јавните пари во поддршка на приватна банка може да предизвика ризик од силен јавен одмазднички удар.

Потенцијалната инвестиција од германските индустриски компании беше испитувана во 2016-та година, но никогаш не беше остварена.

Топ менаџерите на „Deutsche Bank“ се претпазливи кон секоја трансакција, не на последно место бидејќи ниската цена на нејзините акции значи дека ќе биде во слаба позиција. Главниот извршен директор Кристијан Зевинг постојано го отфрла активното побарување на договор пред да може да докаже дека ќе ги постигне финансиски цели за следната година.

Најголемиот кредитор на Германија дискутира за варијанти да се претвори во холдинг компанија. Слична правна структура ќе го олесни спојувањето само на делови од нејзините активности – пример банкарство на мало – или да ги додава овие операции кон заедничката компанија со друга банка. Главниот финансиски директор Џејмс фон Молтке сепак ги отфрли овие варијанти како нестратегиски.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП