17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei очекува приходи од 100 милијарди долари за 2018-та

Huawei очекува приходи од 100 милијарди долари за 2018-та

Приходите на „Huawei“ ќе надминат 100 милијарди долари за прв пат во 2018-та година, рече еден од директорите на компанијата, цитиран од „CNBC“.

Ерик Сју, еден од ротирачките претседатели на „Huawei“, коментира дека бизнисот расте подобро отколку што се очекуваше.

„Нема проблем да се достигне границата од 100 милијарди долари“, вели тој.

Сју, сепак, поконкретно не открива кои се моторите на раст.

„Huawei“ генерираше приходи од 325,7 милијарди јуани за првите шест месеци од 2018-та година, или околу 49 милијарди долари.

За целата 2017-та година, кинеската компанија објави приходи од 92,5 милијарди долари.

Досега, растот на компанијата беше поттикнат од силните перформанси на голем број бизниси, особено одделот за потрошувачка електроника, кој продолжува да расте.

Во моментов, „Huawei“ е вториот по големина производител на паметни телефони во светот. На врвот на листата е „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП