19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГД Гранит АД со намален обем на работа за периодот јануари-септември 2018

ГД Гранит АД со намален обем на работа за периодот јануари-септември 2018

ГД Гранит АД за периодот Јануари – Септември 2018 година оствари нето добивка во износ од 96.258 илјади денари и е намалена за 47 отсто во однос на минатата година кога изнесувала 181.233 илјади денари.

Вкупни приходи

Остварените единечни вкупни  приходи во периодот Јануари – Септември  2018 година изнесуваат 2.655.117 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2017 година бележат намалување за 21%.

Вкупни расходи

Остварените единечни  вкупни расходи во периодот Јануари – Септември  се во износ од 2.558.859 илјади денари,  споредено со истиот период во  2017 година бележат намалување за 20% .

Дивиденда

На 22.06.2018 година на Годишното собрание на акционери  утврдена е бруто дивиденда за 2017 година во износ од  77.566  илјади  денари , односно 28 денари бруто за една акција. Исплатената нето дивиденда  за 2017 година изнесува 25,2 денари.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства  во периодот јануари – септември  2018 година  изнесуваат 40.454 илјади денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП