„SUV“ класата апсолутно доминира на пазарите во последните години, а особено е „жестока“ конкуренцијата меѓу помалите кросовери.
Речиси и да не постои производител кој нема свој компактен „SUV“, но посебно внимание како и секогаш привлекуваат премиум моделите.
Во моментов во оваа класа се истакнуваат три автомобили – „BMW X2“, „Volvo XC40“ и „Jaguar E-Pace“.
Иако имаат иста целна група, меѓусебно тие многу се разликуваат. Само за споредба, „X2“ е на границата помеѓу кросовер и хечбек со зголемен криленс, додека „XC40“ е највисок и најширок.
„BMW“ е најспортски, а „Volvo“ е најудобен модел, додека „Jaguar“ некако во сите сегменти е во „златна“ средина.