24 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕCasa Olivi - Луксузна вила во срцето на Италија (фото)

Casa Olivi – Луксузна вила во срцето на Италија (фото)

Сместена во срцето на мирна област во Италија, оваа 300 години стара штала е претворена во елегантна и модерна вила за одмор и опуштен престој.

За нејзиното реновирање биле потребни цели 4 години. Големо внимание е посветено на самата градба и зачувувањето на автентичноста на изгледот, бидејќи е заштитена како културна и архитектонска градба.

Опколена е со прекрасна природа, така што секоја соба има извонреден поглед. Идеална е за одмор, бидејќи освен тоа што може да уживате во бесконечната природа, минималистичкиот базен и одлично уредениот двор се совршено опуштање.

Ентериерот е модерно уреден, а архитектите оставиле каменот во внатрешноста да биде видлив заради топлината која ја дава.

Вилата Casa Olivi се простира на три нивоа, а покрај просторот за дневна соба, огромна кујна и трпезарија, има дури 5 спални соби со сопствени бањи.

Погледнете ги фотографиите…

ole3

ole5

ole4

ole6

ole7

ole8

ole9

ole10

ole11

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП