21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSAP го купува американскиот конкурент Qualtrics за 8 милијарди долари

SAP го купува американскиот конкурент Qualtrics за 8 милијарди долари

Германскиот производител на софтвер „SAP“ остварува една од најголемите корпоративни трансакции и ја купува американската компанија „Qualtrics“ за 8 милијарди долари.

„Qualtrics“ собира фидбек и податоци од клиенти, вработените, како и за производи и брендови на компании од целиот свет, кои можат да бидат оценети веднаш. Ова му дава на „SAP“ предност пред конкурентите кои продолжуваат да се потпираат на повратните податоци, изјави извршниот директор на „SAP“, Бил Макдермот, цитиран од агенциите.

За „SAP“ тоа е најголемото стекнување по договорот за купување на „Concur“ во 2014-та година. Првично „Qualtrics“ сакаше да стане јавна компанија за неколку месеци.

Според „SAP“, „Qualtrics“ очекува приходите од продажбата да бидат над 400 милиони долари во 2018-та година и идните стапки на раст од над 40%. Ова не ги зема во предвид можните синергии кои произлегуваат од припадност кон „SAP“. „SAP“ ќе ги купи сите акции издадени од „Qualtrics“ за 8 милијарди долари во кеш и обезбеди вкупно финансирање од 7 милијарди евра за покривање на цената и трошоците поврзани со купувањето.

Одборите на директори на двете компании и акционерите на„ Qualtrics“ го веќе одобриле проектот, изјави доцна во неделата германската компанија. Завршувањето на трансакцијата се очекува во првата половина од 2019-та година.

Според „SAP“, „Qualtrics“ е еден од светските пионери во софтверската индустрија за управување со доживувањето (Experience Management, XM) кое им овозможува на компаниите да се развиваат успешно во овој сегмент. Самиот „Qualtrics“ се рекламира со тоа што „XM“ би можело да им обезбеди на компаниите уште позначајни увиди за сопствената фирма во однос на информациите на клиентите, пазарот и вработените.

„Qualtrics“ тврди дека има повеќе од 1.500 клиенти во Европа и повеќе од 9.000 во светот. Компанијата, основана пред 16 години, има околу 1.800 вработени. Главниот извршен директор Рајан Смит, кој држи околу 40% од компанијата заедно со неговиот брат и татко, ќе остане во компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП