Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

Бимилк ги отвора вратите за своите потрошувачи

Време: 13:38

Датум: ноември 8, 2018

Категорија: КОМПАНИИ

По повод Светскиот ден на квалитет, кој секоја година се одбележува во ноември, Бимилк ги отвора вратите за своите верни потрошувачи.

Имено, на 15 ноември 2018 година, компанијата ги кани сите заинтересирани потрошувачи на т.н. „отворен ден“ во млекарата, со цел да имаат можност одблиску да го запознаат производствениот процес, а воедно и да ги дегустираат нивните производи.

Отворениот ден во Бимилк ќе трае од 13 до 16 часот, а низ целиот процес посетителите ќе ги дознаат начините на кои се произведуваат различните млечни производи, како и процесите низ кои истите минуваат, и тоа од клучните технолози за производство во компанијата.

„Како компанија со традиција близу 70 години, секојдневно сме присутни речиси во секој дом во Македонија и нашите потрошувачи веќе имаат изградено силна врска со производите. Токму затоа сакаме да им дадеме можност и одблизу да ги запознаат процесите на работењето на компанијата и самите да се уверат во создавањето на квалитетен и безбеден производ, во современата технологија и имплементацијата на стандардите за квалитет. Затоа на наше големо задоволство, ги повикуваме сите наши лојални потрошувачи заедно да го одбележиме Светскиот ден на квалитет“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг менаџер во Бимилк.

Светскиот ден на квалитет оваа година се одбележува денес, на 8-ми ноември и истиот има за цел да ја подигне свесноста на јавноста за потребата од спроведување на норми за квалитет во секоја компанија и организација.

Бимилк како компанија која годишно преработува и повеќе од 40 милиони литри млеко, соработувајќи со над 1400 фармери кооперанти ширум Македонија, има имплементирано бројни сертификати за квалитет, чие спроведување бара максимална тимска вклученост на сите чинители на производствениот процес – од примарното млекопроизводство од страна на добавувачите, преку строгата контрола на сите процеси, па сѐ до дистрибуцијата и продажбата.

Познавајќи ја важноста и сложеноста на процесот на одржување на квалитет, Бимилк традиционално, секоја година, го одбележува Светскиот ден на квалитет преку различни активности, често организирајќи и слични отворени денови за сите заинтересирани граѓани, фирми и бизнис-партнери, со цел да им овозможи на своите купувачи запознавање со процесите на производство и контрола.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Morgan Stanley објави пониска од очекуваната заработка за четвртиот квартал

    Morgan Stanley објави пониска од очекуваната заработка за четвртиот квартал

    Профитот на американската банка „Morgan Stanley“ не успеа да ги исполни очекувањата на аналитичарите за последниот квартал од 2018-та година, откако растот на корпоративните трансакции…

  • Binance отвора нова берза во Европа

    Binance отвора нова берза во Европа

    „Binance“ – најголемата берза за криптовалути во светот според трговскиот обем, започна сосема нова платформа за тргување со валутни парови. Новата берза ќе биде базирана…

  • Заврши стечајот – со ФЕНИ ќе управува компанија од Бахамите

    Заврши стечајот – со ФЕНИ ќе управува компанија од Бахамите

    ГСОЛ ќе продолжи да управува со ФЕНИ откако ги доби сите потврди од надлежните судови, со тоа заврши стечајната постапка за комбинатот кој во своето…

  • Societe Generale предупреди за послаби резултати во четвртиот квартал

    Societe Generale предупреди за послаби резултати во четвртиот квартал

    Француската банка „Societe Generale“ објави дека нејзините резултати за четвртиот квартал ќе бидат погодени од најтешките пазарни услови и влијанието на одредени продажби на средства,…

  • Со судското одобрување на планот за реорганизација на ГСОЛ успешно се завршува стечајната постапка на ФЕНИ Индустри

    Со судското одобрување на планот за реорганизација на ГСОЛ успешно се завршува стечајната постапка на ФЕНИ Индустри

    Планот поднесен од ГСОЛ, за реорганизација на ФЕНИ Индустри, пирометалуршка фабрика за производство на фероникел во Кавадарци, е конечен, како што соопшти Судот во Велес.…

  • Животните на Schleich бараат нова татковина

    Животните на Schleich бараат нова татковина

    Пластичните животни на германскиот производител на играчки „Schleich“ ќе имаат нов сопственик. Францускиот финансиски инвеститор „Ardian“ ја ангажираше американската инвестициска банка „JP Morgan“ да најде…

  • Шесте најголеми американски банки го минаа прагот на профит од 100 милијарди долари

    Шесте најголеми американски банки го минаа прагот на профит од 100 милијарди долари

    Шесте најголеми банки во САД никогаш досега не го преминале прагот на вкупна добивка од 100 милијарди долари. Од почетокот на новата сезона на објавување…

  • Nokia отпушта 350 луѓе од својот тим

    Nokia отпушта 350 луѓе од својот тим

    Компанијата „Nokia“ ќе отпушти околу 350 од своите 6.000 вработени во Финска во оваа година, како дел од нејзината програма за намалување на трошоците, која…

  • Airbnb оствари профит втора година по ред

    Airbnb оствари профит втора година по ред

    Компанијата за краткотрајните наеми „Airbnb“ соопшти дека остварила добивка втора година по ред. Информациите доаѓаат во време на долгоочекуваната јавна понуда на акции на компанијата,…

  • Милијардер понуди 5,2 милијарди евра за спас на голем американски трговски синџир

    Милијардер понуди 5,2 милијарди евра за спас на голем американски трговски синџир

    Извршниот директор на потонатиот американски малопродажен синџир на „Сирс холдинг“, Еди Ламперт, понуди спас од стечај за 126 години старата компанија, ставајќи на аукција понуда…