Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,996.29 0.96%    BESK 8,169.00 -8.12%    GRNT 901.50 0.26%    KMB 5,400.00 0.11%    KOIN 1,000.00 0%    MPT 62,600.79 0.55%    MTUR 5,301.00 0.02%    RMDEN18 98.90 0.1%    SBT 2,335.67 -1.31%    STB 1,192.55 2.11%    STIL 103.00 0.54%    TEL 295.00 0%    TNB 16,785.00 1.25%    TTK 1,482.46 2.24%    

Резултати од работењето на Македонски Телеком за првите девет месеци од 2018-та

Време: 11:07

Датум: ноември 8, 2018

Категорија: КОМПАНИИ

Македонски Телеком бележи позитивни трендови во првите девет месеци од работењето. Приходите од продажба бележат зголемување за 1,7 отсто, зголемена е профитабилноста, а компанијата континуирано има пораст на бројот на корисници  на широкопојасен интернет и во IPTV сегментот.

Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) за првите девет месеци од 2018 година е зголемена за 6,7 отсто во споредба со истиот период од претходната година, додека нето добивката бележи раст од 16,8 отсто.

Пораст на бројот на корисници на широкопојасен интернет и IPTV, ширење на оптичката мрежа

По одреден период на стагнација, почнувајќи од минатата година компанијата бележи позитивен пресврт на трендот на движење на корисниците на широкопојасен интернет. На крајот од првите девет месеци од 2018 година, вкупниот број на корисници  на широкопојасен интернет е зголемен за 1,7 отсто споредено со истиот период минатата година и изнесува 192,7 илјади.

Продолжува трендот на зголемување и на IPTV корисници (вклучувајќи Magenta 1, Интернет&ТВ и други ТВ услуги) за 8,7 отсто во споредба со истиот период од претходната година што резултира со база од 124,1 илјада корисници на крајот од првите девет месеци од 2018 година. Според интерните проценки, Македонски Телеком има 29,7 отсто удел од вкупниот ТВ пазар.

Македонски Телеком продолжи со инвестициите во оптичката мрежа насекаде низ државата за да ја донесе најнапредната технологија поблиску до корисниците, со што има пораст на семејствата покриени со оптички пристап од 11 отсто, споредено со истиот период од минатата година. Па така, како резултат на континуираното ширење на оптичката мрежа, на крајот од првите девет месеци од 2018 година, дури 30 отсто од домаќинствата во Македонија имаат пристап до оптика од Македонски Телеком и можност за користење на супер брз интернет.

Зголемен уделот на пост пејд претплатници во мобилната мрежа, пораст на приходите од неговорни услуги

Во првите девет месеци, Македонски Телеком успеа да го зголеми уделот на постпејд претплатници во сопствената мобилна мрежа. Па така, на крајот од првите девет месеци од 2018 година компанијата има 1.236 илјади претплатници или удел од 49 отсто на пазарот на мобилната телефонија, според интерна проценка. Приходите од неговорни услуги на крајот од првите девет месеци од 2018 година се зголемени за 12,6 отсто во споредба со истиот период од претходната година, како резултат на зголемените приходи од мобилен Интернет и поголем GPRS сообраќај, како и зголеменото користење на податочни тарифни модели.

„Македонски Телеком оствари одлични финансиски резултати, кои се во континуиран пораст во однос на истиот период минатата година. Успеавме да го зголемиме уделот на постпејд претплатници во сопствената мобилна мрежа, а како резултат на атрактивните понуди во летниот период, остваривме значителен успех и во припејд сегментот. Нашата стратешка иницијатива за забрзување на фиксниот сегмент и овозможувањето атрактивни и ексклузивни ТВ содржини, придонесе за раст на корисниците на фиксен широкопојасен интернет и зголемување на бројот на Magenta 1 корисници, единствен конвергентен продукт којшто е креиран согласно потребите на сите членови на семејството.

Како предводници на дигиталната транформација, во наредниот период ќе се фокусираме на обезбедување иновативни производи и услуги, со цел да ги задоволиме потребите и барањата на нашите корисници. Очекуваме дека  годината ќе ја завршиме според планот и ќе го потврдиме трендот на раст на финансиските резултати“, изјави главниот извршен директор на Македонски Телеком, Никола Љушев.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Со помош на Фондот за Иновации, Пакомак е првата македонска компанија која го воведува светскиот тренд во рециклирањето –повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки

    Со помош на Фондот за Иновации, Пакомак е првата македонска компанија која го воведува светскиот тренд во рециклирањето –повратни вендинг машини за пластични шишиња и лименки

    Енормниот обем на отпад кој се креира со зголемената консумација во модерното општество, селективното одложување отпад, собирањето и неговото рециклирање е екстремно важен процес за…

  • Microsoft вреди двојно повеќе отколку сите европски банки заедно

    Microsoft вреди двојно повеќе отколку сите европски банки заедно

    Негативните каматни стапки, падот на приносите на обврзниците, посилното регулирање и знаците на рецесија ја избришаа поголемата пазарната вредност на европските банки. Откако индексот во…

  • Во првата половина од годината групацијата Триглав со остварен раст на премија и на добивка пред оданочување

    Во првата половина од годината групацијата Триглав со остварен раст на премија и на добивка пред оданочување

    Групацијата Триглав на македонскиот пазар продолжува со својот развој и раст во согласност со стратегијата Групацијата Триглав во првите шест месеци од оваа година обезбеди…

  • Каде да јадете убави пецива во Скопје?

    Каде да јадете убави пецива во Скопје?

    Често се вели, доколку во еден ресторан или пекара има метеж, има причина зашто тоа е така. Производите кои се нудат се тазе испечени, квалитетни…

  • Twitter забранува рекламирање на медиуми кои ги контролира државата

    Twitter забранува рекламирање на медиуми кои ги контролира државата

    Компанијата Twitter објави дека на својата социјална мрежа ќе ја продолжи забраната за рекламирање на медиуми спонзорирани од државата. Во соопштението компанијата наведува дека од…

  • Xiaomi разочара со резултатите

    Xiaomi разочара со резултатите

    Кинеската компанија Xiaomi денес објави 15 процентен раст на кварталните приходи, што е, сепак, пониско во однос на очекувањата на пазарот. На намалувањето на приходите влијаеше…

  • Џејми тврди: ”Ова е причината за пропаѓањето на моите ресторани”

    Џејми тврди: ”Ова е причината за пропаѓањето на моите ресторани”

    Британскиот готвач Џејми Оливер смета дека Брегзит е една од причините поради кој пропадна неговиот ланец на ресторани. Оливер изјави дека луѓето во 2016 година…

  • Заштита на децата во дигиталниот свет – Kaspersky Safe Kids и детски смарт часовници од Македонски Телеком

    Заштита на децата во дигиталниот свет – Kaspersky Safe Kids и детски смарт часовници од Македонски Телеком

    Македонски Телеком воведува алатки за заштита на децата во дигиталниот свет: Kaspersky Safe Kids и детски смарт часовници, достапни во Cool Kids, новата тарифа во…

  • Кинески интернет пребарувач изгуби 60 милијарди долари пазарна вредност

    Кинески интернет пребарувач изгуби 60 милијарди долари пазарна вредност

    Најголемиот кинески интернет пребарувач, Baidu, соочен со тврдата конкуренција, изгуби од минатата година повеќе од 60 милијарди долари од пазарната вредност. Тој пребарувач, дел од…

  • EasyJet во своите авиони воведе библиотека со 60.000 книги

    EasyJet во своите авиони воведе библиотека со 60.000 книги

    Авиокомпанијата EasyJet претстави новитет во своите авиони, а тоа е библиотека. EasyJet на своите патници им дозволува да позајмат книга и така да го поминат…