19 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОЖардим е во комбинација за тренер на Реал

Жардим е во комбинација за тренер на Реал

Реал Мадрид по репрезентативната пауза ќе мора да му понуди договор на Сантијаго Солари, кој го наследи Хулен Лопетеги, или да именува нов тренер.

Уште пред да му го врачат отказот на Лопетеги, јавноста шпекулираше со името на Антонио Конте, но наводно Италијанецот поставил услови што Реал не сакал да ги исполни.

Во комбинација бил и Маурисио Покетино, тренерот на Тотенхем. Првиот човек на Реал, Флорентино Перез, бил подготвен да плати за да го откупи неговиот договор и во исто време на Аргентинецот да му понуди 20 милиони евра годишна плата, меѓутоа Покетино ја одбил понудата.

Роберто Мартинез, актуелниот селектор на Белгија, е уште еден од кандидатите. Наводно, Перез бил воодушевен од играта на Белгија. Меѓутоа, Мартинез имал премногу компликуван договор со Белгијците.

Последно име кое се поврзува со Реал е Леонардо Жардин. Португалецот пред неколку недели доби отказ во Монако. Клубот му исплати седум милиони евра за предвремениот раскин на договорот, а тој стана слободен тренер.

Поранешниот тренер на Спортинг со Монако во 2017 година ја освои француската лига, а во Лигата на шампионите играше во полуфиналето.

Информацијата дека Реал е заинтересиран за Жардим ја објави ЕСПН.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП