20 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕве кој е најбогат во еврозоната

Еве кој е најбогат во еврозоната

bel2

Семејствата во Белгија се најбогати во еврозоната, со вкупно богатство од 981 милијарди евра во 2012 година, соопштија белгиските медиуми.

Просечното белгиско семејство има 67.158 евра заштеди и инвестиции, што е рекорд во еврозоната. Просекот во Холандија е 61,219 евра, потоа следи Франција со 47,407 евра и Германија со 38,702 евра.

Вредноста на недвижниот имот на белгиските семејства, според проценките на Белгиската централна банка е околу илјада милијарди евра.

Во очекување на зголемувањето на даноците, белгиските семејства штедат поголем дел од парите, со што се објаснува, како што наведуваат медиумите, зошто Белгија има многу богати семејства, а сиромашна држава.

На крајот на јуни 2007 година, кога берзата беше во најдобра состојба, богатството на семејствата во Белгија беше проценето на 882 милијарди евра, а на крајот на 2008 година на 795 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП