28 март, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ„ARION“, луксузен СПА центар во Атина

„ARION“, луксузен СПА центар во Атина

r

Грција е богата со одморалишта и места за одмор каде што можете да поминете неколку незборавни дена…

Луксузниот спа центар „Arion“, кој се наоѓа само на половина час возење од главниот град на Грција, Атина, на своите гости има нуди можност да уживаат и да ги посетат локалните историски знаменитости и музеи, ова е област полна со култура и традиција. Некои од нив се: Олимпискиот стадион, трговскиот центар „Glyfada“ и Акропол. Уште една корисна информација е тоа што меѓународниот аеродром „Атина“ е одалечен помалку од половина час од одмаралиштето.

i

Покрај убавиот панорамски поглед на островот Сароник, хотелот нуди модерен начин на живот во типичен медитерански амбиент. Сместен на самиот брег, туристите ќе можат да го почуствуваат ветрето и ќе можат да ги слушнат звуците на брановите.

a

Сместувањето е во приватни бунгалови кои се во модерен стил, со оригинални уметнички дела, со прилагодливо осветлување, рачно одбрани текстилни материјали и со уметничка содржина. Тие исто така на гостите им нудат приватни дворови, за да уживаат во погледот на море.

o

На располагање гостите имаат и олимписки базен, кој е совршен за попладневен одмор и сончање.

Просторијата која е наменета за готвење на скара е исто така место за уживање во кулинарските специјалитети на медитеранската кујна. Доколку тоа што го барате е меќународната храна, не грижете се постојат и седум менија на еден извонредно добар јапонски ресторан.

s

Не го пропуштајте  ова одлично место-тоа е едно од најдобрите во Грција!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП