2 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЧетириесеттите години од животот – крајно време за промена на начинот на...

Четириесеттите години од животот – крајно време за промена на начинот на живеење

Во четвртата деценија од животот, предупредува специјалистот за рак д-р Дејвид Агус, расте склоноста кон дебелеење, потешко го поднесуваме мамурлакот, мораме да посветиме повеќе време за одржување на линијата и кондицијата, а и закрепнувањето од повреди трае подолго.

„Средната доба не е почеток на крајот, туку крај на почетокот”, потсетува д-р Греј и предупредува дека четириесеттите се крајно време да почнеме да се грижиме за себе.

Најголем проблем е стресот и за да се справите полесно со притисоците на животот, многу е важно да сте дисциплинирани. Процесот на стареење не може да се избегне, но ако заземеме вистински став, можеме да се чувствуваме помлади и поенергични.

Секојдневното одење на работа, седењето на маса и гледањето во екранот е поризично од начинот на живеење на авантуристот Беар Грилс, тврди д-р Греј, бидејќи предизвикува стрес и воспаленија кои го намалуваат квалитетот на нашиот живот и неговата должина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП