4 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот резорт во Никарагва

Луксузниот резорт во Никарагва

muk10

Новото луксузно одмаралиште „Mukul“, во Гуакалито де ла Исла, ќе ја постави Никарагва на светската туристичка мапа.

Наклонет кон креирање на едно од најексклузивните одмаралишта, еден од највлијателните и најбогатите луѓе во Латинска Америка, Дон Карлос Пелас, чија фамилија има корени од Никарагва кои датираат уште од 19-от век, сега креираше луксузен хотел и спа центар од 250 милиони долари во Гуакалито де ла Исла, кој е отворен во февруари 2013 година.

Имено, со „Mukul“ одмаралиштето, и фактот дека е лоциран во Гуакалито де ла Исла, Пелас сака да ја одржи својата традиција – прекрасно природно засолниште каде гостите од целиот свет ќе можат да уживаат во луксузот, додека на автентичен начин се поврзуваат со културата, луѓето и земјата Никарагва. За возврат, околното население ќе има корист од зголемениот квалитет на живот. Сепак, со отворањето на овој прекрасен имот кој ќе биде катализатор и ќе ја стави земјата на мапата на сите туристи и џет сетери, Карлос Пелас се придружи на лигата со милијардери кои инвестирале во мулти милионски хотелски одмаралишта.

Дизајниран од страна на импресивниот тим на познатиот лидер од таа гранка на индустријата, од „HKS Hill Glazier Architects“, спа експертот Ангел Везина Стјуарт, „Mukul“ импресивно ја рефлектира филозофијата на Пелас, дека гостите во хотелот не се само обични гости, туку блиски пријатели на неговата фамилија.

„Mukul“ има 37 луксузни сместувачки единици, дизајнирани во стил кој ја комбинира модерната елеганција со традиционалните корени на Никарагва, секоја со поглед на океан, базен и приватен персонал.

Во другите погодности се вклучени импресивниот „Spa Mukul“, со 6 приватни куќички со спа третмани, клуб на плажа кој вклучува вечера и простор за релаксирање како и базен, „Guacalito Golf“ терени дизајнирани од страна на Давид МекЛеј Кид…

Гостите од А листата, исто така, ќе имаат пристап до уникатниот имот од 6 километри долгата песочна плажа, со речиси 5 километри природни патеки за шетање или возење велосипед со прекрасна природа и бујни шуми, како и туристички дестинации во земјата позната како „Земја на езерата и вулканите“.

muk15

muk4

muk14

muk11

muk9

muk8

muk7

muk6

muk5

muk3

muk2

muk1

muk12

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП