9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПротест на вработените во „Гугл“ поради односот кон жените во компанијата

Протест на вработените во „Гугл“ поради односот кон жените во компанијата

Стотици вработени во компанијата „Гугл“ ќе излезат од своите канцеларии низ целиот свет во знак на протест против она што тие го квалификуваат како млака реакција на компанијата кон некои нејзини шефови обвинети за сексуално вознемирување.

„Њујорк тајмс“ минатата недела објави сторија со детални обвинувања за сексуално вознемирување изнесени од страна на една жена против креаторот на „Андроид“, Енди Рубин.

Весникот наведува дека Рубин во 2014 година покрај отказ добил и отпремнина од 90 милиони долари, иако „Гугл“ заклучил дека обвинувањата за сексуално вознемирување изнесени против него биле веродостојни.

Со протестот под назив „Излези за промена“, инженерите и другите вработени сакаат да испратат порака дека компанијата „Гугл“ треба да биде потранспарентна кога станува збор за проблемите со сексуално вознемирување на работното место.

Во написот на њујоршкиот весник, исто така се откриваат обвиненија за сексуално вознемирување против уште неколкумина од високите претставници на компанијата.

Извршниот директор на „Гугл“, Сундар Пичаи, неодамна испрати е-пошта до вработените во која се извини за постапките на компанијата во минатото.

Пичаи не го споменал обвинетиот по име, но не ги негирал наводите на „Њујорк тајмс“.

Сепак, тој открил дека „Гугл“ отпуштил 48 вработени, меѓу кои и 13 високи раководители поради сексуално вознемирување во изминатите години, на кои, како што кажал, не им била исплатена отпремнина.

Меѓутоа, денешниот протест сугерира дека значаен број од вкупно 94 000 вработени не веруваат оти „Гугл“ прави сé што е во моќ на компанијата за да се надминат ситуациите со сексуално вознемирување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП