25 април, 2025
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАFacebook отвoра дата-центар на Арктикот

Facebook отвoра дата-центар на Арктикот

fblike

Иако во последно време не работи како што сака нејзиниот сопственик и цената на акциите е во пад, сепак „Facebook“ и натаму се шири, се побрзо и побрзо.

Марк Цукерберг неодамна изјави дека е разочаран од падот на вредноста на акцијата на неговата компанија и дека тоа е резултат на независни фактори на кои компанијата и вработените неможат да реагираат. Тоа што можат тие да го сторат е да ја унапредуваат друштвената мрежа, да воведуваат нови сервиси и да го подобруваат квалитетот на услугите.

За таа цел планираат да го зголемат бројот на корисници, а во последните шест месеци профили на „Facebook“ отвориле нови 100 милиони луѓе, па така оваа друштвена мрежа ја користат 1.1 милијарди корисници.

Поради тоа „Facebook“ ќе отвори нов дата-центар кој е единствен во светот и користи значително помалку струја и има природен систем за ладење, затоа што се наоѓа во близина на Арктикот.

Во оддалеченото шведско градче во кое сонцето изгрева во 10 часот, а заоѓа во 14 часот, додека дневната температура на преминува минус 30 степени набргу ќе стане база на податоци на преку 40 милиони корисници на „Facebook“.

Градот Лулеа е одалечен само 60 километри од Арктичкиот прстен и е опкружен со борови шуми стари преку 2000 години. Таму струјата е најевтина во Европа и има многу извори за обновување на енергијата, како што се водата и ветерот, а заедницата е политички неутрална и е скоро без криминал.

Сепак најважно од се е тоа што ладниот воздух може да се искористи за ладење на големите сервери и машини кои ги чуваат податоците. За таа цел компанијата во Америка троши десетина милиони долари годишно и од таа страна ќе заштедат значителна сума на пари.

Токму во ваквото опкружување никна најголемата база на податоци во Европа. Дата-центарот на „Facebook“ ќе се простира на површина од дури 11 фудбалски стадиони, односно ќе има површина поголема од 900.000 метри квадратни.

Според некои медиуми одлуката „Facebook“ да го изгради својот дата-центар во овој град е поради понудата на локалната власт, која се надева дека покрај најголемата друштвена мрежа ќе се обидат да привлечат и некои други гиганти како што се „Googlе“, „Amazon“ и „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП