5 мај, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЕгзотичен резорт на Малдивите

Егзотичен резорт на Малдивите

ta6

„Taj Exotica Resort & Spa“, место во кое ќе доживеете незаборавни моменти…

Кога ќе слетате на Малдивите, потребни ви се само 15 минути возење со приватен глисер за да стигнете до местото наречено „рај на земјата“.

Хотелот претставува комплекс од вили од различни категории, кои се уредени во специфичен, луксузен стил.

Повеќето од нив се сместени во крајбрежјето коe со сигурност ви нуди незаборавни залези на сонцето гледани од палубата и совршен поглед кон бескрајниот плав хоризонт.

Рестораните нудат храна од различни делови во светот. Ќе уживате во вкусната храна но и во амбиентот на ресторанот, така што секој момент ќе ви биде како од бајка.

Недопрената природа и спокојството на Малдивите ќе ви пружи прекрасни мигови на мир, а хотелот се потрудил да обезбеди потполно опуштање со неверојатните спа програми.

Погледнете ги прекрасните фотографии…

ta3

ta5

ta11

ta7

ta10

ta9

ta12

ta13

ta4

ta2

ta1

ta8

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП