5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank очекува да се врати на профит во оваа година

Deutsche Bank очекува да се врати на профит во оваа година

„Deutsche Bank“ е на пат повторно да оствари профит уште во текот на оваа година. Ако прогнозите на банката се покажат точни, тоа ќе првата година со добивка од 2014-та година.

И покрај позитивните очекувања финансиската институција предвид значително намалување на профитот за кварталот, соопштува „Ројтерс“.

Германскиот кредитор се обидува да се ослободи од трите последователни години на загуби и серијата лоши вести околу себе порано во текот на годината, вклучувајќи ја промената на раководството, намалувањето на рејтингот од „Standard & Poor’s“ и неуспехот на стрес тестовите од страна на ФЕД.

Поради сето ова од почетокот на годината акциите на банката поевтинија со над 40%.

„Трошоците ни се под контрола и имаме доволно капитал за раст. На пат сме да сме профитабилни повторно во 2018-та година, за прв пат од 2014-та година“, изјави главниот извршен директор Кристијан Зевинг.

Сепак, не сè е така „розово“ во извештајот на банката за кварталот. Постои пад од 65% во нето добивката, која достигнува големина од 229 милиони евра. За споредба – година порано таа беше 649 милиони евра. Но, и покрај намалувањето „Deutsche“ успева да ги надмине очекувањата на аналитичарите, кои прогнозираа нето добивка од 149 милиони евра.

Приходите за периодот се во износ од 6,175 милијарди евра, што за возврат е помалку со 9% од резултатите од 6,776 милијарди евра од пред една година.

Кварталот беше обележан со континуиран пад на основниот трговски бизнис на банката. Приходите од профитабилниот бизнис со трговија со обврзници се намалуваат за 15%. Со толку е и падот во трговијата со акции.

„Се уште не сме постигнале пресврт во однос на приходите“, посочува Зевинг во документ до вработените.

За целата 2018-та година од „Deutsche“ очекуваат приходите да се малку пониски во однос на 2017-та година поради реструктуирањето на активностите за инвестициското банкарство.

Зевинг ја презеде функцијата во април и донесе план за намалување на над 7.000 работни места во рамките на планот да се направи ремонт на банката. Бројот на персоналот за кварталот е во износ од 94.717 лица, што е намалување од 700 лица во однос на претходниот период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП