6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFiat го продава својот бизнис во Magneti Marelli за 6,2 милијарди евра

Fiat го продава својот бизнис во Magneti Marelli за 6,2 милијарди евра

Глобалниот автомобилски концерн „Fiat Chrysler Automobiles NV“ ќе го продаде својот бизнис за автомобилски делови „Magneti Marelli“ на јапонската компанија „Calsonic Kansei“, дел од финансискиот фонд „KKR & Co.“ за 6,2 милијарди евра – во првата голема зделка на италијанско-американската компанија под раководство на новиот извршен директор Мајк Манли и дел од стратегијата на „Fiat“ да се фокусира повеќе на клучните модели, објави „Bloomberg“.

Самата „Calsonic“, исто така, произведува автомобилски компоненти. Зделката за која „Bloomberg News“ соопшти уште во неделата, ќе создаде производител на авто делови со приходи од над 17 милијарди евра годишно – седмата по големина независна компанија во секторот со над 65.000 вработени.

„Magneti Marelli“ е специјализирана за производство на технологија за осветлување, пренос на енергија и високотехнолошка електроника. „Calsonic“, која беше купена од американската инвестициска компанија „KKR“ од страна на „Nissan“ во 2016-та година, е специјализирана во автомобилски компоненти.

Преку договорот, јапонската компанија ќе може сериозно да го прошири својот пристап до европските и светските пазари. Во моментов „Calsonic“ се потпира на нарачки од „Nissan“ за поголемиот дел од светската продажба, а со купувањето на „Magneti Morelli“, јапонската компанија купува не само „know-how“, но и дел од развиената база на клиенти на „Fiat Chrysler“.

Во 2016-та година напори да ја купи „Magneti Marelli“ направи и „Samsung Electronics“, но корејската компанија не се интересираше од целата компанија, туку само за некои од нејзините поделби.

Од своја страна „Fiat Chrysler Automobiles“ продава клучни средства за да го стабилизира корпоративното портфолио, и да се фокусира на клучните производи.

Акциите на „Fiat Chrysler“ се зголемија за 7,2 отсто на Миланската берза по објавувањето на веста на 14,18 евра по акција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП