19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЛуксузниот СПА комплекс во Атина

Луксузниот СПА комплекс во Атина

at12

Грција е богата со одморалишта и места за одмор каде што можете да поминете неколку незборавни дена…

Луксузниот спа центар „Arion“, кој се наоѓа само на половина час возење од главниот град на Грција, Атина, на своите гости има нуди можност да уживаат и да ги посетат локалните историски знаменитости и музеи, ова е област полна со култура и традиција. Некои од нив се: Олимпискиот стадион, трговскиот центар „Glyfada“ и Акропол. Уште една корисна информација е тоа што меѓународниот аеродром „Атина“ е одалечен помалку од половина час од одмаралиштето.

Покрај убавиот панорамски поглед на островот Сароник, хотелот нуди модерен начин на живот во типичен медитерански амбиент. Сместен на самиот брег, туристите ќе можат да го почуствуваат ветрето и ќе можат да ги слушнат звуците на брановите.

Сместувањето е во приватни бунгалови кои се во модерен стил, со оригинални уметнички дела, со прилагодливо осветлување, рачно одбрани текстилни материјали и со уметничка содржина. Тие исто така на гостите им нудат приватни дворови, за да уживаат во погледот на море.

На располагање гостите имаат и олимписки базен, кој е совршен за попладневен одмор и сончање.

Просторијата која е наменета за готвење на скара е исто така место за уживање во кулинарските специјалитети на медитеранската кујна. Доколку тоа што го барате е меѓународната храна, не грижете се постојат и седум менија на еден извонредно добар јапонски ресторан.

Не го пропуштајте ова одлично место – тоа е едно од најдобрите во Грција!

Уживајте во фотографиите…

at1

at15

at14

at13

at11

at10

at9

at8

at7

at6

at5

at4

at3

at2

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП