4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАПознати спецификациите на Motorola X

Познати спецификациите на Motorola X

motox

На интернет се појавија спецификациите на долгоочекуваниот паметен телефон „Motorola X“ и според нив може да се дојде до заклучок дека станува збор за навистина сериозен уред.

„Motorola“ подготви уред кој ќе работи на „Android 4.2.2“ и кој ќе поседува 2GB RAM, процесор „dual core“ 1.7GHz MSM8960 Pro и 16GB простор за складирање на информации.

За сите оние кои стравуваат дека процесорот „dual core“ нема да биде во можност да излезе во пресрет со сите нивни потреби, поединечни тестови покажаа дека овој уред ќе биде подобар од „Galaxy S4“ и моделот „HTC One“.

Паметниот телефон „Motorola X“ ќе поседува и камера од 10 мегапиксели, како и „HD“ екран со резолуција од 1196 x 720p.

Доколку овие гласини се точни, „Motorola“ направиле сериозен конкурент кој би требало да го претстават во октомври.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП