29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе одржа првата Бугарско-македонска културна средба

Се одржа првата Бугарско-македонска културна средба

Во Софија, во литературен клуб „Перото” во НДК Бугарскиот културен клуб-Скопје и Фондацијата „Татковина” организираа „Бугарско-македонска културна средба”.

На состанокот учествуваа истакнати културни личности од двете страни. Тие разговараа за состојбата на нашите културни врски и ги споделија своите препораки и идеи за развој и зајакнување. Беше формиран совет за културна интеракција помеѓу Бугарија и Македонија и се усвои Декларација за потребата од зајакнување на духовните и културните
врски меѓу Бугарија и Македонија.

За време на средбата имаше изложба на групата „PRINTNEST” – творците од Софија и Охрид Зоран Мише, Павел Целкоски, Васил Ангелов, Иван Матеев и Горан Тричкоски. Беше претставена книгата „Паника во музејот” на писателот Иван Шопов од Скопје, како и зборникот и 2 цедиња од „Бугарски народни песни од Македонија”, собрани од Коста Црнушанов

Бугарија и Македонија ќе соработуваат во линија на културата и уметноста. Ова го изјави за Бгнес ,Андреј Врабчев од фондацијата „Татковина”.

„Тоа што сакаме е да ги зацврснеме културните врски меѓу двете земји и дејците да соработуваат. Ова не е политика. Тука бараме различни форми за комуникација преку културата и да ги тргнеме стереотипите меѓу двете земји. Во рамките на средбата претставуваме успешни уметници од Македонија кои работат во Бугарија “, објасни Врабчев. Тој додаде дека за време на состанокот беше разгледан проектот на програмата за културна соработка, која беше потпишана меѓу двете земји.

„Во неа има многу убави работи, но има и многу што да се сака. Ние сакаме подобрување на овие услови и сакаме повеќе обем и квалитет. Од државата се бара да создава услови да можат творците да го реализираат својот потенцијал”, изјави Врабчев. Според него не стои прашањето дали ние да земеме повеќе од соседите или обратно, а да се збогатиме
меѓусебно.

Договорот ќе ја игра улогата на мост кој ќе наведе во која насока ќе се развива културната размена меѓу двете земји. Се очекува да се формира и во Скопје.

Заменик-претседателот на Бугарскиот културен клуб – Скопје Мирослав Ризински изјави за БГНЕС дека оваа иницијатива е на Бугарите од Македонија. Тој истакна дека морале да интервенираат дејци од граѓанскиот сектор, бидејќи политичарите не прават доволно за културно зближување меѓу двете држави.

„Оваа прва средба ќе биде првиот чекор кој ќе иницира поширока соработка меѓу двете држави, во духот на потпишаниот договор за добрососедство и соработка меѓу Бугарија и Македонија”, рече Ризински.

Тој изјави дека на овој начин ќе се бараат работите кои не обединуваат, а не тоа што не дели, бидејќи двата народа имаат заеднички празници, херои и делат една приказна.

Ризински, рече дека во Македонија нема бугарски медиуми и затоа луѓето таму немаат информации што се случува во соседната држава и обратно, како и дека двата народа не знаат како се развива културата и литературата во двете држави и нека разберат сите дека нема што да не подели и да не се плашеме од кражбата на културата и историјата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП