По голем број мали „тизери“ и, наводно, случајно откривање на информации, изгледа дека некои програмери веќе работат на игри за новата генерација.
„Sony“ сега конечно реши да потврди дека работи на новата конзола „Playstation 5“. Тоа, меѓутоа, потвторно не е сторено на некој официјален начин, како што уште не е откриени и името на конзолата.
Извршниот директор на „Sony“, Кенирио Јошида потврди дека е во подготовка наследникот на „PlayStation 4“. Според неговите зборови, неопходно е да постои хардверска следна генерација.
Иако тој избегна да го употреби името „PlayStation 5“, познавачите тврдат дека новата конзола нема премногу да се разликува од својот претходник, како и дека основната архитектура ќе биде слична.
Oва е дефинитивна потврда дека во „Sony“ нешто ново се „крчка“ кога станува збор за хардвери.
Останува да видиме како „PS5“ изгледа, кои спецификации ќе ги има и кога ќе биде достапна за гејмерите.