20 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПоранешниот дом на Бритни Спирс се продава за 8,95 милиони долари (фото)

Поранешниот дом на Бритни Спирс се продава за 8,95 милиони долари (фото)

Поранешната палата во Беверли Хилс на Бритни Спирс, неодамна повторно се појави на пазарот и тоа по пониска цена – 8,95 милиони долари.

На имотот има површина од 700 квадратни метри и има шест спални и седум бањи. Куќата е светла и чиста одвнатре, со големо шеталиште кое води до предниот влез, преку кој се влегува во зачудувачки сала со висок таван со кристален лустер.

Оттаму богатата вила во медитерански стил се отвора кон различни влезови, кои водат кон официјалната дневна соба со мермерен камин, формална трпезарија и пријатна фамилијарна соба.

Дневната соба е на две нивоа, со двојни стаклени врати што водат кон дворот. Трпезаријата располага со прекрасен лустер во центарот, а отворената кујна има голем агол за појадок и е поврзан со семејната соба.

Главната спална соба, која се наоѓа на вториот кат, располага со две бањи, камин и романтичен чардак.

Другите погодности вклучуваат домашно кино, одделен сектор за персонал, и шармантен двор со забавни места: солен базен и спа, игралиште за деца, и многу зеленило и водени области.

Куќата се наоѓа во затворен комплекс и нуди максимална приватност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП