16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе продава зградата на Financial Times за 101 милион евра

Се продава зградата на Financial Times за 101 милион евра

Зградата на британското издание „Financial Times“ на јужниот брег на реката Темза ќе биде продадена за околу 90 милиони фунти (101 милиони. Евра) пред преместувањето на весникот во лондонското „Сити“, соопштува самиот весник.

Агенти на „Knight Frank“ ќе работат на продажбата овој месец од името на издавачката куќа „Pearson“ која ја поседува зградата, објавија двајца запознаени извори.

Се верува дека зградата „One Southwark Bridge“, во која е сместено изданието од 1989-та година, може да се обнови. Според брокери таа најверојатно ќе остане канцелариски простор, бидејќи јужниот брег на Темза станува популарна локација за канцеларии и привлекува компании, како „WPP“.

„Pearson“ го продаде „Financial Times“  на јапонската „Nikkei“ во 2015-та година, но ја задржа сопственоста на зградата. Оттогаш издаваштвото ги испитува можностите за објектот, како и за наем на главната зграда во Лондон на улицата „Странд“.

Таа сметаше да го префрли договорот за наем на улицата „Странд“ на инвеститорот во зделката, која требаше да ја вклучува и зградата на „FT“, но сега е избрале да продадат централата на изданието во рамките на пошироката стратегија да го намали своето портфолио со недвижности.

Главните извршни директори на две компании со седиште во Велика Британија покажаа интерес за објектот. Но канцелариите во Лондон привлекоа и значителни азиски инвестиции во последните години, вклучувајќи инвеститори од Хонг Конг, Сингапур и Јужна Кореја.

„FT“ мора да се врати во својата поранешна канцеларија на „Bracken House“ во близина на катедралата „Св. Павле“ во 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП