21 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАOтсега Office 365 и на iPhone

Oтсега Office 365 и на iPhone

office-for-iphone-lead619-wide

Работа со „Word“, „Excel“ и „PowerPoint“ документите отсега ќе им биде овозможено и на корисниците на „iPhone“, затоа што „Microsoft“ лансираше „Office“ за овие паметни телефони.

Станува збор за „Office Mobile“ пакетот кој веќе постои на уредите кои го користат оперативниот систем „Windows Phone“.

„Office“ за „iPhone“ од денеска е достапен за корисниците во Америка, а останатите пазари ќе имаат можност од следната недела да го превземат.

Иако сите ќе можат да ја превземат апликацијата, сепак ќе ја користат само оние кои се претплатници на „Office 365“.

„Office Mobile“ е прилагоден на малите екрани и тоа на начин кој овозможува брзо и лесно одвивање на важните операции. На пример навигаторот за слајдовите овозможува брзо преминување на посакуваната страница на „Power Point“ презентацијата, додека со алатката во „Word“ која се нарекува „Resume Reading“ автоматски ве насочува каде претходно сте застанеле со работа на вашиот „PC“, „Mac“, лаптоп или таблет уред. На овој начин на корисниците им се укажуваат последните промени со што значително се намалува можноста да пропуштат нешто при работењето.

Апликацијата не е оптимизирана за „iPad“, а е достапна во рамките на продавницата на „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП