21 април, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕДали имате 446 милиони долари? Најскапиот имот во светот може да биде...

Дали имате 446 милиони долари? Најскапиот имот во светот може да биде ваш (фото)

Во најскапата населба во светот го продаваат најскапиот имот. Неговата цена е 446 милиони долари, ја информира „Business Insider“.

Имотот, кој бил изграден во 1991-ва година, се појави во април оваа година и бил изнајмуван. Со оглед на тоа дека имотот ќе биде купен, тоа ќе го подобри претходниот најскап договор во Хонг Конг, кој беше реализиран за 360 милиони долари во јануари 2017-та година.

Имотот се наоѓа во густа шума и се протега на 717 квадратни метри.

Зградата е изградена во колонијален стил и има отворен базен.

Од таму може да ги видите и соседните имоти во соседството на богатите.

Од влезната врата може да се видат многу од растенијата и многу светлина.

Според огласот за имотот, кујната е целосно опремена.

Исто така, има посебна дневна соба и трпезарија, како и централен систем за климатизација.

Друга мала кујна гледа кон базенот.

Исто така постои и поглед кон морето.

На имотот има четири бањи и пет тоалети.

Необично е да се забележи дека Хонг Конг е рангирана на прво место меѓу најнепристапните пазари за недвижнини во светот веќе осум години по ред. Таму обично живеат бизнисмени, познати личности, банкари и многу кинески милионери и милијардери.

Високите цени овде се должат на фактот дека понудата е екстремно ниска.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП