19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолкава е економската штета од катастрофите во 2012 година

Колкава е економската штета од катастрофите во 2012 година

pop1

Природните катастрофи во светот во 2012 година „земале“ помалку жртви и направиле помала економска штета во однос на претходните години, а на крајот на годината беше најавуван дури и крај на светот.

Во споредба со 2011 година, кога вкупната економска штета од катастрофите, како од природните така и од последиците од човечкото делување, беше 350 милијарди долари, во 2012 година екстремните непогоди „однеле“ 140 милијарди долари, пишува во извештајот на осигурителната компанија Свис Ре.

Освен ураганот Сенди, кој на крајот на октомври и почетокот на ноември го погоди источниот брег на САД, во 2012 година природните катастрофи не го привлекоа, посебно, вниманието на светските медиуми и светската јавност, додека пак, 2011 година ја обележаа разорниот земјотрес и цунамито во Јапонија, кое пак претставуваше потенцијална нуклеарна катастрофа.

Петте најголеми загуби од катастрофите во 2012 година беа во САД. Покрај ураганот Сенди, значајна штета во САД нанесе и големата суша која ги чинеше осигурителните компании повеќе од 11 милијарди долари.

Исто така, во САД пролетта ја одбележаа голем број на торнада, како и неколку поголеми урагани на крајот на јуни и во јули.

Сенди, категоријата „супер ураган“ ја доби бидејќи неколку неповолни временски фактори се „здружиле“ во катастрофална временска непогода, која нанесе штета од 30 до 50 милијарди долари, а загинаа 253 луѓе.

Тоа, според последиците, беше вториот најскап ураган во историјата на САД, по ураганот Катарина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП