27 јуни, 2025
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕПрви фотографии од најскапите чевли во светот

Први фотографии од најскапите чевли во светот

Најскапите чевли во светот беа претставени во познатиот хотел „Бурж ал Араб“ во Дубаи, а на настанот присуствуваа само 50 специјални гости со огромни сметки во банка.

Чевлите со име „Страсни дијаманти“ (The Passion Diamond) вчера беа пуштени во продажба, а нивната цена изнесува 13 милиони фунти.

Светликавите потпетици се направени од злато и дијаманти и поради материјалот од кој се направени, се сметаат за навистина уникатно модно парче какво што досега не е видено.

„Сакавме да направиме навистина уникатни чевли и успеавме во тоа“, изјавила Марија Маџари, коосновач на „Џада Дубаи“, компанија од Обединетите Арапски Емирати, која во овој потфат соработуваше со брендот Passion Jewellery.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар