26 јуни, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕЕксклузивната Honma голф палка

Ексклузивната Honma голф палка

hon1

Лимитираната серија на голф палки „Honma“ – најскапите палки за голф во светот кои се украсени со платина и 24-каратно злато…

Јапонскиот производител „Honma“ на пазарот лансираше лимитирана серија на голф палки во чест на 55-годишнината од постоењето на компанијата.

Оваа серија на голф палки со „пет ѕвездички“ ќе биде произведена во само 550 примероци, а секој комплет ќе се продава за цена од 75.000 американски долари.

„Honma“ истакнува дека повеќе од 100 дизајнери учестуваат во изработката на секоја палка која поседува железно јадро обвиткано со слој од карбонски влакна. Секој комплет од оваа лимитирана серија се произведува исклучиво по нарачка, а палките кои го сочинуваат комплетот се богато украсени со платина и 24-каратно злато.

Бидејќи палките се изработуваат рачно и исклучиво по нарачка, за нивната достава купувачите чекаат околу осум недели, а меѓу клиентите се и познатите личности како Дени де Вито, Доналд Трамп, Џек Николсон и Марк Ентони.

Постои можност да набавите и само една палка за цена од 5.400 американски долари, или само голф торба која би ве чинела 8.000 американски долари.

hon2

hon4

hon5

hon6

hon1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП