24 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАВо октомври пристигнува Android 5.0

Во октомври пристигнува Android 5.0

android-5-0

Според информациите кои се појавија на интернет, „Google“ е подготвен да ја пушти во употреба новата верзија на мобилниот оперативен систем „Android-5.0“, која ќе го носи името „Key Lime Pie“.

Иако првично за неа се зборуваше дека ќе излезе во март оваа година, сепак таа најверојатно ќе се појави на крајот на октомври. Одложувањето на премиерата на новиот оперативен систем според аналитичарите се должи на тоа дека нема паметен телефон за да биде претставен паралелно со неа.

Во октомври се очекува конечно да ги видиме моделите „Motorola X“ и „Nexus 5“, a освен овие два уреди „Android 5.0“ ќе го има и во сите верзии на „Galaxy S4“ и во „HTC One Google Edition“, а можеби ќе се најде и во „Xperia Z“ на „Sony“.

„Key Lime Pie“ ќе биде оптимизиран за работа со широк спектар на уреди, дури и такви со 512MB RAM и практично ќе биде сличен на „Gingerbread Android 2.3“ од 2010-та година со што ќе може да се користи и на постарите модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП