Компанијата за споделување на патувања, „Uber Technologies Inc.“ има интерес да ја купи компанијата за испорака на храна во Европа – „Deliveroo“. Преговорите се уште се во рана фаза, според извори на „Bloomberg“, а договорот би можел да достигне неколку милијарди долари.
Понуда за лондонската „Deliveroo“ која последно беше проценета на 2 милијарди долари, ќе претставува силено искуство на „Uber“ да го зајакне своето присуство во бизнисот со достава во Европа. Според познавачите, сè уште нема најавена цена за купувањето, но понудата треба да биде значително над последната проценка.
Портпаролите на двете компании одбија да ги коментираат овие информации.
Главниот извршен директор на „Uber“, Дара Косровшахи го претвори бизнисот на компанијата со испорака на храна во нејзин главен приоритет пред нејзиното излегувањето на пазарот во втората половина од 2019-та година.
Компанијата со седиште во Сан Франциско, исто така, разгледува и други можности за спојување. Таа преговара со нејзиниот ривал за споделено патување во Блискиот Исток „Careem“, велат извори. Откако го продаде својот бизнис за споделено патување во Југоисточна Азија, Кина и Русија, „Uber“ е склона да купува конкуренти, а не да продава опомената од локалниот бизнис.
„Deliveroo“ е еден од најголемите европски стартапи, а во текот на изминатата година компанијата успеа да собере околу 480 милиони долари од инвеститори, меѓу кои „Fidelity Investments“ и „T. Rowe Price Group Inc.“.
Компанијата започна финансиски преговори минатата година со „SoftBank Group Corp.“, еден од најголемите инвеститори на „Uber“. Сепак, тие беа прекинати откако банката одлучи да ги концентрира напорите во американската компанија.
Иако „Deliveroo“ е малку познат на американскиот пазар, но е доста популарен во европските метрополи. Нејзините услуги се достапни во над 200 градови низ четири континенти.